Атрактивен изглед на влезната врата во вашиот дом или канцеларија ќе го охрабри доброто Чи (позитивната енергија) да влезе внатре. Влезната врата треба да ја отсликува целокупната хармонија и просперитет во домот. Бидејќи сета енергија влегува низ оваа врата важно е да нема предмети околу неа за да може секогаш да се отвори без проблеми.
Кога врататa целосно ќе се отвори, не треба веднаш да наидеме на ѕид. При целосно отворена врата, тој треба да биде оддалечен од ивицата на вратата најмалку еден метар. Во спротивно, единственото што може да го направите е да поставите огледало на ѕидот. Тоа не е идеално решение, бидејќи влезната врата не е добро да се рефлектира во огледало.
Димензијата на вратата треба да биде во склад со големината на домот, ни премала ни преголема. Премалата врата го спречува протокот на доброто Чи.
Вратата треба да е широка и да води во предсобје, кое служи како еден вид брана за надојдената енергија. Влезната врата никогаш не смее да се отвора директно во дневната соба без некаков вид на брана кој ќе ја успори енергијата. Ако немате избор, ставете троделен параван (како на сликата) оддалечен на 1-2 метри од вратата со зеленило пред него. Тој ќе го забави доброто Чи и ќе овозможи негово мирно протекување.Првото нешто што ќе го видат тие што влегуваат во вашиот дом го оформува расположението за време на целиот престој. Неред не смее никаде да има, а особено уште на самиот влез. Луѓето имаат навика да ги ставаат предметите до врата како потсетување дека треба да се ослободат од нив или да ги понесат со себе. Често тие остануваат тука со денови. Ова влијае лошо на подсвеста. За добар Фенг Шуи во домот, овие работи треба да се тргнат што поскоро. Кога ќе влезете низ вратата, не треба да има никакви масивни предмети кои ќе го попречуваат погледот.
Најдобар облик за вратата е овален или правоаголен на врвот. Дрвените врати се подобри од стаклените. Влезот треба да биде во правец кој ќе овозможи да нема остри агли со правците кои покажуваат на други зданија од надвор. Може да поставите пакуа чие огледало ќе одбива дел од негативната која влегува во вашиот дом.
Може да закачите на дрвени или метални ѕвонци кои ќе помогнат во дефлектирањето на енергијата. Запомнете, ѕвонците мора да бидат шупливи и пакуата да биде поставена надвор од куќата за да бидат ефикасни. Пакуа со огледало поставена во домот носи несреќа.Вратите обоени во светли тонови се благопријатни и се во склопот на севкупната хармонија во домот. Без разлика која боја се, треба да бидат обезбедат контраст на бојата на останатиот дел од куќата. Црвената е пожелна боја за врата, но само ако е во склад со другите бои во куќата.
Ѕвонците се добри предмети за дополнителна енергија кога се ставени пред влезнта и задната врата. Ти треба да бидат шупливи и доволно големи за да произведат фина мелодија кога се нишаат. Заедно со хармонијата и ритамот, мелодијата е една од трите основни елементи на музиката. Благопријатната музика во домот е важен фактор за подигање на енергијата.
Влезната врата никогаш не треба да гледа во задната врата или во голем прозорец. Во спротивно целата позитивна енергија излегува од домот преку задната врата и прозорецот. Ако сепак тоа е кај вас случај, поставете на одредено растојание пред вашата влезна врата параван и пред него поголемо цвеќе за да се покрие погледот на задната врата.
Денес, голем дел од луѓето живеат во висококатници. Совет е никогаш да не живеете на крајот од долг ходник, или пред лифт или скали, кои овозможуваат брзо одлевање на енергијата по нив. Доколку сте во можност, поставете растение на влезот на ходникот за да го успори одливот на енергијата.
No comments:
Post a Comment